Џани се зближи со Боби, Алиоски рамо до рамо со Фирмино на тренинзите на Ал Ахли

Повратникот во првата лига на Саудиска Арабија, клубот Ал Ахли, чиј член е македонскиот репрезентативен лев бек Езџан Алиоски, е на висински подготовки во Австрија, а им се приклучи и Алиоски кој уште не знае дали сезонава ќе игра во саудиското првенство или пак ќе биде позајмен некаде во Европа.

Алиоски е под договор со Ал Ахли и тренира со екипата, а таму има две големи засилувања во однос на минатата сезона, бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино и сенегалскиот голман Едуард Менди кој дојде од Челзи.

Алиоски кој во сезоната 2020/2021 играше во англиската Премиер лига за Лидс, го знае Фирмино кој тогаш беше во Ливерпул, па на тренинзите во Ал Ахли, Алиоски често е покрај Бразилецот на кого ќе му треба време за адапатација во новата средина.

- Оглас -

Најнови вести