Џани верува во чудо: Македонија со поддршка на навивачите може до нов подвиг против Германија

Езџан Алиоски вели дека Македонија со поддршка на околу 16 илјади навивачи може да направи нов подвиг против Германија, иако очекувано му ја препушти улогата на фаворит на гостинот.

„Се знае кој е фаворит, но така беше и пред мечот во Дуисбург, па ние победивме. Повторно се голем предизвик за нас и со поддршка на навивачите ќе се обидеме да дојдеме до поволен резултат. Секој бод против Германците ќе ни значи многу во последните две квалификациски рунди и во битката за второто место“, изјави Алиоски.

Популарниот Џани беше дел од репрезентацијата што на 31. март годинава приреди спектакуларен подвиг и учествуваше во победата од 2:1 против Германија во Дуисбург.

Респектот за гостите е голем, бидејќи вечерва во Скопје допатува најтрофејната спортска експедиција што некогаш гостувала во Македонија, но сепак сите наши репрезентативци се оптимисти дека имаме квалитет да и се спротивставиме на Германија.

Мечот се игра утре од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести