30.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Џеди Осман и Шенѓун ја водеа Турција до драматична победа над Шведска и пласман во четвртфиналето

Турција беше голем фаворит за победа над Шведска во осминафиналето на Евробаскетот, но до пласман во четвртфиналето дојдоа многу потешко од очекуваното. Турците на крајот славеа со 85-79, иако во поголемиот дел од мечот имаа негатива, па направија пресврт и дојдоа до двоцифрена разлика, за на крајот да победат во пенал завршницата.

Алперен Шенѓун со 24 поени и охриѓанецот Џеди Осман со 17 поени беа најзаслужни за победата на Турција, додека во поразениот состав најефикасен беше Хакансон со 16 поени.

Турција во четвртфиналето ќе игра против подобриот од осминафиналниот меч на Полска и Босна и Херцеговина.

- Оглас -

Најнови вести