Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо, би можел да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А, пренесува „Скај Спортс Италија“. Според нивните информации, 25-годишниот англиски репрезентативец дава приоритет на евентуален трансфер во Наполи, и покрај интересот што доаѓа и од Јувентус.
За услугите на Санчо се заинтересирани и неколку англиски клубови, Астон Вила, Тотенхем и Њукасл, кои исто така го разгледуваат како потенцијално засилување за новата сезона.
Во сезоната 2024/25, Санчо настапуваше како позајмен играч во Челзи, каде што одигра вкупно 42 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет голови и запиша 10 асистенции. Сепак, лондонскиот клуб одлучи да не го откупи неговиот договор.
Се очекува во следните недели ситуацијата околу неговата иднина да добие јасна насока, а Наполи во моментов изгледа како најреална дестинација.