28.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Џејдон Санчо пред преселба во Рим

Рома испрати официјална понуда до Манчестер јунајтед за крилниот напаѓач Џејдон Санчо. Станува збор за првична позајмица, која лесно може да прерасне во перманентен трансфер преку клаузула вредна 23 милиони евра. Самиот играч веќе дал согласност да се пресели на „Олимпико“.

Средствата за овој трансфер може да дојдат од потенцијалната продажба на фудбалерот од средниот ред Ману Коне во Интер. Дополнително, разделбата со францускиот репрезентативец може да го финансира и ангажманот на уште едно крило во тимот на Џанпјеро Гасперини.

Станува збор за Леон Бејли, за кого Рома веќе преговара со Астон вила. Се смета дека понудата на Рома е со иста формула како онаа за Санчо и по многу слична цена.

Договорот меѓу двата италијански клуба за Коне може да се реализира за сума помала од 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести