Крилниот напаѓач на Челзи, Џејдон Санчо, сака да се врати во Борусија Дортмунд, тврди „Билд“ повикувајќи се на извори блиски до играчот.
Неговата желба повторно да го облече дресот на поранешниот клуб и да игра во Бундеслигата секој ден е сѐ поголема.
Санчо веќе ги информирал своите менаџери за намерата да се врати во Дортмунд.
Крилниот играч настапуваше за Борусија од 2017 до 2021 година, кога беше продаден на Манчестер јунајтед.
Во јануари минатата година тој повторно се врати во Борусија Дортмунд на позајмица и повторно блесна, а ова лето следеше уште еден привремен трансфер, овојпат од Манчестер јунајтед во Челзи.