0.8 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Џејк Пол една недела ќе јаде само преку цевка, нема џвакање

Јутјуберот Џејк Пол даде детали за неговата состојба од болничкиот кревет откако претрпе тежок пораз и нокаут од Ентони Џошуа.

Американецот претрпе двојна фрактура на вилицата за време на судирот во Мајами и мораше да биде опериран.

„Операцијата помина добро, ви благодарам за целата љубов и поддршка. Ми беа ставени по две титаниумски плочи од секоја страна. Извадени се неколку заби. Морам 7 дена да бидам само на течности“, објасни Пол кој коментираше и дека вреди да ти ја скршат вилицата за 92 милиони долари, а се теши дека иако вилицата му е скршена, барем здрави му се срцето и тестисите. 

- Оглас -

Најнови вести