13.8 C
Skopje
понеделник, 5 јануари 2026

Џејлен Браун им се придружи на Тејтум и Лери Бирд во историјата на Бостон

Џејлен Браун од Бостон селтикс е ѕвездата на вечерта во НБА лигата, откако со 50 поени го предводеше својот тим до победа над ЛА Клиперс од 146-115.

Браун по вторпат во кариерата дава 50 поени, и им се приклучи на Лери Бирд и Џејсон Тејтум како единствени во историјата на Бостон кои тоа го направиле повеќе од еднаш. Браун кој сезонава има просек од 30,1 поени по меч, погоди 18 од 26-те шута од поле (6/10 за тројка), против Клиперс имаше и пет асистенции. Селтикс има седум победи на последните осум меча.

Филаделфија победи во Њујорк во меч на кој Џоел Ембид за првпат сезонава заби топка во кошот, Стеф Кари со 31 поен од кои 20 во третата четвртина беше творец на пресвртот на Голден стејт против Јута, а Ентони Дејвис со 26 поени, 12 скока и пет блокади го предводеше Далас до победа над Хјустон, кај кој Кевин Дурант уфрли 34 поени, додека Алперен Шенѓун се повреди после само една минута игра.

Тронто со личен сезонски рекорд на РЏ Берет од 29 поени, ја победи Атланта, а овие два тима и вечерва ќе играат еден против друг. Единствен тим кој не успеа да постигне 100 или повеќе поени беше Чикаго булс, кој загуби од Шарлот. Изненадување приреди Портланд со триумфот во Сан Антонио.

- Оглас -

Најнови вести