Џејми Реднап без влакно на јазикот: Рангник измислува формации и тоа нема смисла

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Џејми Реднап остро го критикуваше менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, по поразот на Црвените ѓаволи од Вулверхемптон.

По бледото издание на големиот ривал на Ливерпул и поразот од 0:1 против Волците, Реднап изјави дека Рангник измислува формации и вели дека тоа нема смисла и дека не дава резултати.

„Фамозната формација на Рангник 4-2-2-2 едноставно во Манчестер не функционира и нема да функционира. Потоа ја увиде грешката, па се обиде со тројца стопери во одбраната и на крајот заврши со 4-4-2. Мене ми се чини дека новиот тренер на Јунајтед измислува формации“, изјави Реднап.

Црвените ѓаволи беа потполно надиграни од Волците и изгледаа немоќно, па доживеаја пораз по серија од 9 меча без неуспех.

И за Рангник ова беше прв пораз откако стана тренер на гигантот.

„Јунајтед нема идентитет, а лутањето на Рангник не му помага на тимот, напротив, го зголеми хаосот. Кога ќе ги погледнете другите екипи од рангот на Манчестер, тие имаат среден ред што ја контролира играта. Јунајтед беше инфериорен, Рангник бара од Санчо и Гринвуд да играат како да е ова Лајпциг, а за тоа му требаат максимално подготвени играчи кои се моќни со топката. Санчо против Вулверхемптон личеше како да не може да потрча, а жално беше да се гледа и немоќта на Матиќ и Мек Томинеј“, ја заврши анализата поранешниот фудбалер на Ливерпул.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести