Џејми Варди ќе направи сензационален трансфер?!

Екипата на Рексам, која моментно се наоѓа на второто место во англиската Лига 1 (трета дивизија во Англија), доколку влезе во Чемпионшип, налето би можела да направи сензационален трансфер и да ја купи легендата на Лестер, Џејми Варди.

Варди од 2012 година е во Лестер и би бил фантастично засилување за Рексам.

Клубот од Велс е во сопственост на холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекилени. Минатата сезона од Лига 2 влегоа во Лига 1, а сега се блиску до искачување за уште едно ниво погоре во хиерархијата на фудбалот на Островот.

Доколку Црвените змејови влезат во ранг погоре, ќе треба сериозно да го засилат составот со квалитетни играчи за да бидат конкурентни во Чемпионшип, а се шпекулира дека „бомбата“ може да биде поранешниот англиски репрезентативец Варди, кој е во последните месеци од договорот со Лестер.

 

- Оглас -

Најнови вести