30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Џејми Варди се одјави од Лестер како што најдобро знае, со гол (Видео)

Легендата на Лестер, Џејми Варди, денеска го одигра последниот меч во дресот на овој клуб, а се одјави со погодок, негов 200-ти на 500-тиот настап.

Овие јубилеи најдобро отсликуваат што значеше Варди за Лестер кој испадна од Премиер лигата и следната сезона ќе игра во Чемпионшип. Во 80-тата минута Варди беше повлечен од игра за да ги добие заслужените овации, а му беше направена и почесна гарда од тимските колеги.

Инаку на сите седишта на стадионот имаше сини и бели знамиња на кои пишуваше „Ти благодариме Варди“.

Лестер го победи Ипсвич со 2-0 и тоа беше меч на два тима кои ќе играат во иста лига и следната сезона бидејќи испаднаа од Премиер лигата.

Ова е последниот гол на Варди за Лестер:

- Оглас -

Најнови вести