Џејмс Долан го продава Њујорк никс, понуди нема

Џејмс Долан објави дека нема ништо против да го продаде НБА-тимот Њујорк никс, чиј сопственик е тој, а од претходно веќе го понуди и женскиот клуб Њујорк Либерти на продажба.

Според првиот човек на Никс, клубот со сè што има вреди над 5 милијарди долари, но не се изјасни за цената за која би го продал клубот.

Долан трпи голем притисок веќе некое време, бидејќи НБА-тимот од Големото Јаболко бележи слаби резултати во последните десетина година.

Одамна мина ерата на Патрик Јуинг, Латрел Спривел, Алан Хјустон и останатите кошаркари од генерацијата која во 1999 година го играше последното НБА-финале на Њујорк никс.

Франшизата има две титули првак на НБА освоени во 1970 и 1973 година и осум финалиња.

- Оглас -

Најнови вести