Џејмс, Дурант и Мичел никој не ги сопира, Шарлот е во топ-форма

НБА-лигата е во кулминација кога се бараат учесниците во плејофот и ќе разигруваат за титулата. Остануваат уште околу 10 меча до крајот на регуларниот дел, а засега само Феникс и Мајами имаат обезбедено сигурно место во плејофот.

Шарлот е во најдобра форма и има пет победи по ред и сега Стршните се со реални шанси да стигнат до осмото место на Истокот. Шарлот вечерва дома игра со Њујорк, кој е без шанса за плејофот.

Дербито на вечерта се игра во Бостон, каде што гостува Јута. Двата тимаат по 45 победи, а Бостон дома се радувал на 24 дуели од 36 одиграни меча, па реално е да се очекува победа на домаќините.

Далас ќе го брани шестото место на Запад и дома лесно треба да го победи Хјустон, кој е најслаб тим во лигата. Лос Анџелес лејкерс игра дома, но Филаделфија е фаворит за победа. Сепак, Лејкерси дома никому нема да му се предадат без борба.

Освен 11-те меча, има и над 20 играчи на кои може да одиграте на поени. Леброн Џејмс три меча по ред постигнува над 35 поени, а сега границата е на 31,5 поени. Првата ѕвезда на Јута, Донован Мичел, е на „граница“ од 26,5 поени, а на последните четири меча даваше по 29, 37, 36 и 30 поени.

Расположен за поени е и Кевин Дурант, кој на последните два меча даваше по 37 и 38 поени, а сега треба да ја надмине бројката од 28,5 поени за да биде во „плус“.

- Оглас -

Најнови вести