Леброн го мина Брајант на третото место на вечната листа со пораз во Филаделфија (Видео)

Леброн Џејмс го претрка Коби Брајант на третото место на вечната листа со најдобри кошгетери во НБА лигата, откако постигна 29 поени, но радоста му беше половична по празот на Лос Анџелес лејкерс од Филделфија со 91:108.

На еден од најдобрите кошаркари на сите времиња му беа потребни 18 поени за да го мине Коби на третото место, а кога ги постигна беше бурно поздравен од публиката во „Велс Фарго центар“ во Филаделфија.

Џејмс во знак на почит кон Брајант имаше подготвено специјално сценарио и носеше патики со порака „Mamba 4 life“. Леброн сега има вкупно 33.655 поени во НБА кариерата и пред него сега се само Карим Абдул Џабар со 38.387 поени и Карл Мелоун со 36.928 поени, а интересно е што водечкиот квартет на вечната листа со најмногу поени во НБА лигата имаат играно за Лос Анџелес лејкерс.

Петти на вечната листа е Мајкл Џордан со 32.292 поени. ВО ноќта што целосно му беше посветена на Леброн Џејмс со феноменални партии баскет блескаа Кајри Ирвинг, кој постигна 45 поени за Бруклин во победата против Детроит и Зак Лавињ со 44 поени, како најдобар кошаркар на мечот меѓу Кливленд и Чикаго што го добија популарните Бикови.

Резултати: Детроит пистонс – Бруклин нетс 111:121 по продолженија, Кливленд кавалирс – Чикаго булс 106:118, Оклахома тандер – Минесота тимбервулфс 104:113, Филаделфија 76 – Лос Анџелес лејкерс 108:91

- Оглас -

Најнови вести