Џејмс Харден го престигна Шекил О’Нил и се искачи на деветтото место на вечната листа на стрелците во НБА-лигата.
Бекот на Лос Анџелес клиперс погоди тројка на почетокот од третата четвртина против Шарлот хорнетс, со што својот вкупен ефект во кариерата го зголеми на 28.598 поени во 1.187 натпревари од регуларната сезона.
Шекил О’Нил ја заврши кариерата со 28.596 поени во 1.207 меча во текот на 19 години.
Харден, кој го започна мечот со заостанување од 14 поени зад О’Нил, натпреварот го заврши со 32 поена во победата на ЛА клиперс од 117-109 над Шарлот хорнетс. Тој постигна 13 поени во првото полувреме, од кои 11 во првата четвртина, потоа уште 11 во третата и осум во четвртата четвртина, со што вкупниот број поени го зголеми на 28.614.
Харден во овој меч влезе со просек од 25,6 поени по натпревар, што е негов најдобар учинок од сезоната 2019/20 (34,3 поени по меч), кога ја освои и последната од трите последователни титули за најдобар стрелец во лигата.
Харден ја започна својата 17-та НБА-сезона со 28.582 поени во кариерата, а до следната позиција на листата го очекува тежок предизвик. Вилт Чемберлејн е осми со 31.419 поени, постигнати само во 1.045 натпревари во текот на 14 години.
Леброн Џејмс е лидер на вечната листа со 42.623 поени, а зад него следуваат Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Кевин Дурант.

