Џејмс Харден со подвиг каков што немало од 1978 година наваму! (Видео)

Бруклин нетс конечно победи во Сан Антонио, град во кој Мрежичките губеа на последните 17 посети. И овојпат не беше лесно, триумфот од 124-113 беше по продолжение од пет минути, но во редовите на Бруклин расположен беше Џејмс Харден, кој покажа лидерски способноти и даде 20 поени во последната четвртина и екстра периодот.

Брадата средбата ја заврши со трипл-дабл од 30 поени, 15 асистенци и 14 скока, со што стана првиот кошаркар во историјата на НБА од сезоната 1977/78 наваму кој имал барем 30 поени, 10 скока и 15 асистенции, а да нема ниту една загубена топка. За Харден ова е седми трипл-дабл на 22 меча во дресот на Бруклин, каде што дојде од Хјустон, а Хјустон е градот во кој Нетс треба да гостува утре.

Инаку, Мрежичките можеа да победат уште во регуларниот дел, но среќата беше на страната на Спарс. Погледнете ја лудата завршница на регуларниот тек и како Деџонте Мареј го однесе мечот во продолжение:

- Оглас -

Најнови вести