25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Џејмс Милнер се изедначи со Рајан Гигс по бројот на одиграни мечеви во Премиер лигата

Вест хем и Брајтон одиграа без голови во единствениот вечерашен меч од англиската Премиер лига.

Двата тима испуштија прилика со победа да му се доближат на петтиот Тотенхем, кој сега на Чеканите им бега пет бода, а на Морските галеби осум.

Џејмс Милнер го одигра својот 632-ри меч во Премиер лигата, со што се изедначи со легендата Рајан Гигс на второто место на вечната листа. Прв е Герет Бери со 653, а Милнер ако настапува во елитното англиско друштво и следната сезона и избегне тешка повреда, сигурно ќе го преземе првото место.

- Оглас -

Најнови вести