30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Џејмс на паркетот кон почетокот на февруари

Од таборот на ЛА лејкерс потврдија дека Леброн Џејмс речиси ја надмина повредата на препоните. Од него се очекува да се врати на тренинг следната недела, додека може да заигра кон почетокот на февруари, поточно на шести, кога „езерџиите“ ќе гостуваат кај Индијана пејсерс.

Кралот се повреди за време на празничниот специјал на Божиќ против Голден стејт вориорс, а Лејкерси без Леброн на теренот бележат учинок од 4-7 во последните 11 средби. Најдобриот играч на Лејкерс ќе пропушти и неколку важни дуели до неговото враќање на терените, како двете следни гостувања кај Оклахома и Хјустон, додека нема да игра ниту во двата меча против актуелниот шампион на НБА.

Токму по дуелот против Голден стејт на трети фервруари, Џејмс ќе биде подготвен за настап.

По една половина од регуларната сезона, тимот кој го предводи Лук Волтон се наоѓа на деветтата позиција на Западот со учинок од 24-21 и има еден триумф помалку од Јута џез во борбата за позицијата која води во разигрувањата.

- Оглас -

Најнови вести