Џејмс против „својот“ Мајами ќе го повтори подвигот на легендарниот Меџик

Леброн Џејмс (ЛА лејкерс – Мајами хит, 04:30ч НБА лига)

Со самото доаѓање на Ентони Дејвис, Езерџиите станаа велесила од која дефинитивно се очекува титула во блиска иднина. И Леброн доби соиграч од светска класа па може да набива одлична статистика. Кралот и Веѓата се најзаслужни што Лејкерс имаат шест победи во низа по поразот во градското дерби против Клиперс на отворањето на новата сезона.

Лејкерс во шесте триумфи три ги издвоија надвор од нивниот дом, а Џејмс оствари редок учинок – на трите последни меча запиша трипл-дабл учинок, а му недостасува уште еден за да го стигне легендарниот Меџик Џонсон, како единствени кошаркари на франшизата од Ел – еј кои на четири меча по ред биле двоцифрени во три различни статистики.

За овој подвиг Џејмс ќе се соочи со тимот со кој ги освои првите два шампионски прстени во својата кариера, Мајами хит. Жешките во своите редови имаат нова ѕвезда, Џими Батлер, кој досега ги предводеше во шест победи по осум средби. Лејкерс ќе имаат противник по мерка, а Леброн ќе блесне за да ја задоволи домашната публика.

Предлог тип: >25,5 поени (1.87)

 

Демиен Лилард (Портланд трејлблејзерс – Бруклин нетс, 04ч НБА лига)

Во Портланд кошаркарските љубители ќе уживаат во директната битка меѓу едни од најдобрите плејмејкери, Лилард против Ирвинг. Првата ѕвезда на Блејзерс е во одлична форма во досегашните осум меча ои ги одигра, иако Портланд славеше само во три од нив.

Лилард оваа сезона во просек постигнува по 30 поени и има солидна реализација од 48% oд игра. Токму кога игра против еднакво опасен разигрувач, на Лилард му е цел да се докаже дека е подобар од ривалот, па затоа и против фантастичниот Ирвинг ќе успее да го достигне својот личен просек.

Предлог тип: >27,5 поени (1.80)

 

Треј Јанг (Атланта хокс – Сакраменто кингс, 01:30ч НБА лига)

Јанг во досегашните пет меча на Атланта на домашен терен речиси без грешка успева да го надмине својот просек од 24,2 поени по натпревар. Од нив пропушти само еден, додека вчера беше незабележлив против Чикаго со скромни 9 поени. Одличниот шутер на Јастребите ноќеска ќе има шанса за поправање против Кралевите од Сакраменто, иако на противничката страна ќе има исто така добри шутери како него.

Јанг досега се сретна со Сакраменто трипати и не се радуваше во ниту еден дуел, а ниту имаше посебно ефикасен учинок. Можеби Кингс се екипа која не е по мерка за Јанг, но се надеваме дека ноќеска ќе го скрши тој малер.

Предлог тип: >26,5 поени (1.87)

 

Њу Орлеанс пеликанс – Торонто репторс (02ч, НБА лига)

Пеликаните за брзо време по поразот од првакот Торонто на отворањето од новата сезона добија прилика да се реваншираат. Во Канада покажаа дека се доста квалитетен тим, иако им недостасуваше првиот пик Зајон Вилијамсон, па загубија дури во дополнителен период.

Иако има само еден триумф по седум меча, екипата на Њу Орлеанс ноќеса може да направи изненадување и да ги совладаат шампионските Рептили. Ниту меѓусебниот скор против Торонто не е во полза на Пеликанс, загубија во осум од последните 10 средби, но ние сепак ќе се потпреме на нивните младинси сили.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

Денвер нагетс – Филаделфија севентисиксерс (03ч, НБА лига)

Денвер и Филаделфија имаат ист учинок по седум дуели, издвоија по пет победи и во своите конференции се меѓу водечите екипи. Првпат во новата сезона ќе ги одмерат силите, а Денвер силно го посакува триумфот бидејќи само еднаш се радуваше во последните пет меѓусебни дуели против Сиксерс.

Филаделфија е солидна на гостинските терени оваа сезона, победија во три од вкупно пет меча, а често знаат со цел плен да заминат од Колорадо. Колку што Филаделфија е офанзивна екипа, толку Денвер се фокусира да прими што помалку кошеви, па затоа овој дуел ќе го типуваме на вкупен број на поени, да има помалку од 210 поени.

Предлог тип: <209,5 поени (2.0)

- Оглас -

Најнови вести