Џек Грилиш ќе мора да ги смени среќните копачки и да купи нови за настапите со Астон Вила во Премиерлигата. Има интересна приказна, а вели дека по повредата ги носел истите обувки, кои му носат среќа.
Грилиш е младински репрезентативец на Англија, а тоа е играчот што настрада и беше удрен од навивач на Бирмингем во големото градско дерби сезонава во Чемпионшип.
Денеска како капитен го предводеше некогашниот европски првак Вила до пласман во Премиерлигата со победа од 2:1 против Дерби во финалето на плејофот на „Вембли“.
Вила ќе заработи 170 милиони фунти од ТВ права и пари од маркетинг со пласманот во Премиерлигата, па ќе има пари и за нови копачки за „десетката“ и капитен на тимот.
https://twitter.com/SkyFootball/status/1133045303844712448