Наполи летово ќе се обиде да ангажира уште еден офанзивен играч по крилните позиции, а според најновите информации од Италија, на нивната листа на желби се наоѓаат Џек Грилиш и Федерико Кјеза.
Грилиш веќе не тренира со тимот на Манчестер сити и очекува заминување од „Етихад“, а раководството на англискиот премиерлигаш за него бара околу 40 милиони евра. Тој би можело да пристигне во Неапол, како неговиот довчерашен клупски соиграч Кевин де Бројне, иако има понуди и од Вест хем и од Астон вила.
Опција за Наполи е Федерико Кјеза, иако тој е многу поблиску до Аталанта, која е во завршни преговори со Ливерпул и со фудбалерот.