21.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Џек Грилиш се чудеше зошто неговиот соиграч доби жолт картон: Никогаш не сум видел вакво нешто (Видео)

Евертон и Вест хем одиграа 1:1 во меч на кој освен головите, ќе се памети и мометот од 78-мата минута. Беше досуден фаул за Евертон, а Кирнан Дјусбери-Хол се обиде брзо да го изведе фаулот, но поради тоа заработи жолт картон.

Од оваа сезона во Премиер лигата не е дозволено брзо да се изведе фаулот, туку мора судијата да даде знак за продолжување на играта. Хол тоа не го знаеше, па доби жолт картон, кој беше петти за него оваа сезона и ќе мора да паузира на следниот меч.

„Извинете ако грешам, но некои одлуки тешко ми е да ги прифатам“, реагираше „пожолтениот“ фудбалер на Евертон. Неговиот соиграч Џек Грилиш се чудеше зошто судијата покажа жолт картон.

„Никогаш досега не сум видел некој да добие жолт картон затоа што брзо сакал да изведе слободен удар. Не знам ни кога е воведено тоа правило“, рече Грилиш.

 

- Оглас -

Најнови вести