Џек со гол му се препорача на Манчестер јунајтед, ќе биде првото зимско засилување за Црвените ѓаволи

Џек Грилиш со гол на „Олд Трафорд“ се препорача кај Манчестер јунајтед и според англиските медиуми, капитенот на Астон вила ќе биде првото засилување за Црвените ѓаволи во зимскиот преоден рок.

Играчот од средниот ред беше еден од јунаците на Астон вила во ланскиот поход кон Премиер лигата, а постигна шест гола и како капитен го предводеше поранешниот европски првак до елитниот ранг на натпревари во Англија.

И сезонава игра одлично, што му е добра препорака за преселба во редовите на најтрофејниот англиски клуб.

Манчестер јунајтед има многу проблеми во средниот ред, па раководството на клубот смета дека Грилиш би бил вистинско засилување за тимот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести