Џеко е џокерот на Интер, гол за победа во 90 минута (Видео)

Интер потешко од очекувањата славеше на свој терен против Венеција со 2:1, во меч од 23. коло во Серија А. Со овие три бода Интер стигна до 53 бодови и сигурно ќе остане на првото место на табелата и по ова коло во италијанското првенство.

Дуелот не започна најдобро за домаќините, откако францускиот интернационалец Томас Анри погоди за водство на Венеција во 19 минута. Нераѕурите брзо се вратија во игра, благодарение на голот на Николо Барела во 40 минута за 1:1 на полувреме.

Интер имаше комплетна доминација во вториот дел, но до последната минута Нераѕурите се мачеа да постигнат втор погодок. Имаа преку 20 упатени удари кон голот на Венеција, преку 70 отсто посед на топка, а радоста за домашните фанови стигна во 90 минута.

По еден центаршут, Един Џеко со глава успеа да го матира домашниот голман. За Интер ова е деветта победа во 11 меч на домашен терен сезонава во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести