Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко е против одигрување на пријателски меч на неговата селекција против националниот тим на Русија.
Фдубалската федерација на БиХ се согласи во ноември да одигра контролен меч против Русија, земја која е исфрлена од сите меѓународни фудбалски натпреварувања. Од УЕФА најавија дека нема да прават проблем средбата да се одигра, но очигледно дека Џеко мисли дека не е време за такви контролни средби.
„Против сум да играм меч додека невини луѓе страдаат. Секогаш сакам да има само мир и сакам да се солидализирам со луѓето во Украина во овие тешки моменти за нив“, рече Џеко.
Освен Џеко, претходно и Миралем Пјаниќ јавно кажа дека нема да настапи на таков пријателски меч против Русија.