Џеко го крена гласот: Не сакам да играм додека невини луѓе страдаат

Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко е против одигрување на пријателски меч на неговата селекција против националниот тим на Русија.

Фдубалската федерација на БиХ се согласи во ноември да одигра контролен меч против Русија, земја која е исфрлена од сите меѓународни фудбалски натпреварувања. Од  УЕФА најавија дека нема да прават проблем средбата да се одигра, но очигледно дека Џеко мисли дека не е време за такви контролни средби.

„Против сум да играм меч додека невини луѓе страдаат. Секогаш сакам да има само мир и сакам да се солидализирам со луѓето во Украина во овие тешки моменти за нив“, рече Џеко.

Освен Џеко, претходно и Миралем Пјаниќ јавно кажа дека нема да настапи на таков пријателски меч против Русија.

 

- Оглас -

Најнови вести