Дерби-дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Интер и Ливерпул би требало да понуди интересен и офанзивен фудбал откако двајцата тренери одлучија да играат со најсилните можни состави.
Един Џеко и Лаутаро Мартинес ќе го предводат нападот на Интер, а гостите имаат големи очекувања од еден од најдобрите тандеми на планетата, Мохамед Салах и Садио Мане.


