Џеко и официјално по седум години си замина од Серија А

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко по седум години поминати во Серија А, кариерата ја продолжува во Турција, и тоа во екипата на Фенербахче.

Турскиот тим и официјално потврди дека Џеко во следната сезона ќе го носи нивниот дрес, договорот е постигнат и само се чека напаѓачот денеска да ги помине лекарските прегледи. Тој потоа ќе потпише двегодишен договор.

Иако имаше богата понуда од Саудиска Арабија, Џеко одлучи да потпише за Фенербахче поради неговата сопруга, која сака да живее во Истанбул.
Тој последните седум години од кариерата ги помина во Серија А, прво играше за Рома, а потоа и за Интер, со кого двапати триумфира во Купот на Италија и во Супер купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести