Фудбалерите на Фенербахче славеа со 3:1 против Бешикташ во големото истанбулско дерби кое се играше во рамки на 15-то коло во турскот шампионат.
Херои на Фенербахче се Един Џеко и Душан Тадиќ. Репрезентативецот на БиХ, во 10-та минута по асистенцијата на Тадиќ го отвори резултатот, а Бешикташ единствено што успеа да направи беше да постигне гол преку Алекс Окслејд-Александер за 1:1.
Во вториот дел, Тадиќ во 63-та минута го реализира пеналот за 2:1, но потоа во 92-та минута не беше прецизен од белата точка, за конечниот резултат да го постави Шимански во судиското продолжение.
Со победата и трите бода, Фенербахче ја продолжува битката со Галатасарај за титулата, и двата тима имаат по 40 бода, додека Бешикташ по поразот речиси уште сега да ги загуши шансите бидејќи има дури 14 бода помалку.