Џеко има нов клуб, ги одби милионите од Саудиска Арабија и останува во Европа

Репрезентативецот на БиХ, Един Џеко, во летниот преоден рок ќе си замине од Интер и наместо во Саудиска Арабија од каде имаше богата понуда, ќе се пресели во Турција.

Турските медиуми пишуваат следен клуб во кариерата на Џеко ќе биде Фенербахче и в среда ќе отпатува во Истанбул за да го потпише договорот.

Според медиумите, Џеко ќе потпише двегодишен договор според кој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона.

„Един Џеко е многу блиску до Фенербахче. Разговорите поминаа многу добро и Џеко е подготвен да дојде во Истанбул и поради неговата сопруга Амра кога го обожува градот“, пишува весникот „Милијет“.
Џеко во последните две сезони го носеше дресот на Интер, а во кариерата има играно и за Железничар, Теплице, Волфсбург, Манчестер сити и Рома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести