Џеко ја разочара Болоња во 90+2, Наполи немилосрден

Рома се избори за трите бода на гостувањето кај Болоња со погодокот на Един Џеко во втората минута од судиското надополнување. Римската волчица практично дојде до посакуваниот триумф благодарение на балканското дуо, бидејќи првиот гол беше дело на искусниот Коларов.

Болоња се држеше во егал по точно изведениот пенал на Сансоне во 54-тата минута, а им се пружи шанса за многу повеќе во финишот на мечот, кога гостите останаа со играч помалку по црвениот картон кој го заработи Манчини. Сепак, Рома повеќе го посакуваше триумфот, па така по четири кола останаа непоразени со осум бода на табелата.

Наполи немаше проблеми на гостувањето кај Лече, избраниците на Карло Анчелоти со убедливи 4-1 го одржаа чекорот со водечките екипи. Љоренте како двоен стрелец ги предводеше Наполитанците, тој го отвори и го затвори резултатот со головите во 28-ма и 82-ра минута. Во меѓувреме стрелаа и Ињсине и Руиз, а почесниот гол за гостите го запиша Манкосу.

Сампдорија со минимални 1-0 благодарение на Габијадини го совлада Торино.

- Оглас -

Најнови вести