Един Џеко вечерва со Интер ќе се соочи против Милан во првиот меч од полуфиналето во Копа Италија.
Босанскиот репрезентативец се огласи на своите социјални мрежи, каде што го честиташе денот на независноста на неговата татковина, но и напиша неколку реда за актуелните случувања во Украина, а воедно се потсети и на детството.
„Секогаш сум бил на страната на мирот. Јас сум дете коешто порасна во воениот виор и знам добро што значат страв, солзи, но и храброст и гордост. Војната никого му нема донесено добро, ниту некогаш ќе му донесе.
На сите им посакувам мир во срцето, во душата и во светот. На моите сограѓани од Босна и Херцеговина им посакувам среќен ден на независноста на нашата една и единствена татковина“, напиша најдобриот босански фудбалер.