Интересна ситуација имаше на мечот меѓу Монца и Интер во судиското продолжение, а Един Џеко му се изнасмеа на Ромелу Лукаку на лошата техника што ја презентираше во 92. минута.
Лукаку не успеа да смири лесна топка, таа му побегна во аут, а само една минута подоцна и двајцата заедно со соиграчите од Интер беа шокирани со автогол на Думфрис за конечни 2:2.
Lukaku’s first touch in the dying minutes against Monza + Dzekos reaction from soccer
Лукаку влезе во игра токму на местото на Џеко во 55. минута кога беше 1:2 за гостите од Милано, но победата им побегна во последните моменти и Интер за првпат одигра нерешено во првенството дури во 17. коло.