Џеко на пат кон Милано како замена за Лукаку?

Един Џеко е поевтината опција за Интер околу замената за Ромелу Лукаку, кој денес треба да ги изврши медицинските прегледи и да стави потпис на петгодишен договор со Челзи.

Италијанскиот шампион ќе заработи 115 милиони евра од овој трансфер, но наместо да го ангажира Дуван Запата од Аталанта како што се најавуваше, се сврте кон 35-годишниот босански голгетер. Џеко и пред минатата сезона се поврзуваше со преселба на „Џузепе Меацаа“, но на крајот не се оствари соработка меѓу двата калчолигаши.

Нероаѕурите наводно му понудиле двегодишен договор и плата од пет милиони евра по сезона на Џеко. Доколку Босанецот прифати да се пресели во Милано, Аталанта не ќе мора да наоѓа замена за Запата кој би останал во клубот, но Жозе Мурињо ќе треба да се активира на трансфер-пазарот.

Изборот на Рома се падна на Мауро Икарди од ПСЖ и Андреа Белоти од Торино. Еден од овие двајца треба да заврши на „Олимпико“ првично на позајмица, па дури потоа Волчицата да издејствува со перманентен трансфер.

- Оглас -

Најнови вести