Португалија со 3:0 ја победи Босна и Херцеговина во меч од третото коло во квалификациите за Европското првенство кое следната годна ќе се игра во Германија. За Португалија ова е трета победа и со максимални девет бода и гол разлика 13:0 е на првото место покажувајќи дека лесно треба да обезбеди место на завршницата на континенталниот собир.
Гостите имаа шанси први да погодат, но Един Џеко промаши добра шанса во 29 минута.
Edin Dzeko'nun kaçırdığı gol pozisyonu.pic.twitter.com/I589nkUyT8
— Puskas Sports (@PuskaSports) June 17, 2023
Потоа Португалија казни преку Бернардо Силва во 44 минута, а сите дилеми околу победникот беа решени кога Бруно Фернандеш погоди со глава за 2:0 во 77 минута. Играчот на Манчестер јунајтед погоди и по втор пат во 90+2 минута.
БиХ останува со само три бода по три кола што е доволно за четвртото место вво групата каде пред нив се Словачка со 7 бодови и Луксембург со 4 бодови.
Во дербито од Ф групата, Белгија и Австрија ремизираа 1:1 во меч на кој гостите имаа предност, но не ја сочуваа до крајот. Овие две селекции, заедно со Шведска се главни фаворити за првите две места во оваа група.
Во останатите мечеви кои се играа денеска: Литванија – Бугарија 1:1, Луксембург – Лихтенхтајн 2:0, Азербејџан – Естонија 1:1, Црна Гора – Унгарија 0:0, Норвешка – Шкотска 1:2, Албанија – Молдавија 2:0, Кипар – Грузија 1:2, Фарски Острови – Чешка 0:3, Исланд – Словачка 1:2.