Спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани, е во Мароко на преговори со менаџерот на Усман Дембеле за продолжување на договорот, а мисијата што требаше да биде тајна е откриена.
Новинарот Џерард Ромеу објави фотографија од Алемани како пристигнува во Мароко на тајните преговори со Муса Сисоко, кој му е менаџер на Дембеле.
https://twitter.com/gerardromero/status/1511004071775424518?s=20&t=DTTYiPomtKcIvBdvd1cqxw
Барселона сака да го задржи играчот и му нуди долгогодишен договор, но преговорите станаа историски и траат повеќе од една година.
Ако Каталонците не успеат, Дембеле ќе биде слободен играч ова лето и ќе може да си замине без отштета.
Барса го купи Дембеле во август 2017 година од Борусија Дортмунд за сума од 105 милиони евра, плус и бонуси од 40 милиони евра, што е еден од највисоките трансфери во историјата на фудбалот.
Усман имаше многу мака со повредите, но сега игра во топ-форма и Барселона сака да го задржи и да го продолжи договорот со 24-годишниот француски интернационалец.