Италијанската фудбалска легенда која во последните десет години работи како тренер, Џенаро Гатузо, ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на францускиот Олимпик Марсеј.
Марсеј се раздели со Шпанецот Марселино, кој добиваше смртни закани по лошите резултати, па клубот реши да побара „поцврст“ тренер.
Гатузо во тренерската кариера имаше и успешни и неуспешни епизоди, а попладнево тој треба да замине во Марсеј и да го потпише договорот со својот нов клуб. Гатузо се спомнуваше и како можен тренер на Лион, но овој француски клуб ангажираше друг Италијанец, Фабио Гросо.