Репрезентативецот на Мали, Муса Џенепо, приреди голем гест за навивачите и ќе почести 500 луѓе со влезници за историскиот меч на неговата репрезентација против Тунис на 25 март.
Интересно е што првиот дуел од двомечот за настап на Мундијалот во Катар ќе се игра на стадионот „26. март“ во Бамако, а Мали ќе биде домаќин пред 50 илјади гледачи, колку што е капацитетот.
Петстотини од нив ќе бидат присутни на сметка на играчот на Саутхемптон и на репрезентацијата на Мали.
Mali-Tunisie : Moussa Djénépo offre 500 billets aux supporters .https://t.co/jDMrW9tR7y pic.twitter.com/VDG3O0zVbI
— aBamako (@aBamako) March 14, 2022
Репрезентацијата на Мали никогаш не учествувала на Светско првенство, а сега има шанса бидејќи двомечот со Тунис е последната фаза пред настап на Мундијалот во Катар.
Реваншот ќе се игра на 29 март, на Олимпискиот стадион „Хамади Агреби“ во Радеш, во Тунис, и подобриот од овој двомеч ќе патува за Катар.
Петте победници од двомечите во третата фаза ќе ја претставуваат Африка на Светското првенство што ќе се игра годинава во ноември и декември.
Двојки: Мали – Тунис, Египет – Сенегал, Камерун – Алжир, Гана – Нигерија и ДР Конго – Мароко.