Џенова да доплати 800.000 евра или ќе добие забрана за трансфери

Џенова доби рок од 45 дена од страна на ФИФА да му исплати 800.000 евра на полскиот клуб Заглембје Љубин. Заостаната исплата е од ангажманот на Филип Јагјело, кој во јануари 2019 година за два милиони евра го облече дресот на тимот од „Луиџи Ферарис“.

Доколку Џенова не ги подмири сметките, ќе биде казнета со забрана за трансфери најверојатно од еден преоден рок.

Дваесет и двегодишниот играч за врска инаку сезонава настапи на шест лигашки натпревари за Џенова.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести