Џенова двапати водеше на „Олимпико“, Кристанте донесе триумф за Рома

Рома со 3-2 успеа да слави против Џенова, иако „римската волчица“ во два наврати беше во негатива во текот на мечот. Пјонтек им донесе предност на гостите во 17-тата минута, откако ја искористи катастрофалната грешка на голманот на римјаните.

Во 31-та минута, Фацио израмни на 1-1, но само две минути подоцна Џенова одново дојде до предност, овојпат Хилјемарк ја затресе мрежата. Клајверт пред паузата донесе ново израмнување, а потоа младиот Холанѓанец асистираше за комплетниот пресврт на Рома, додека голот го постигна Кристанте во 59-тата минута.

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, ги одигра последните дваесетина минути од средбата. Македонецот во последната минута од регуларните 90, се најде во одлична позиција по која Џенова можеше да израмни, но Пандев ја шутна топката над голот на Рома.

Рома се искачи на шестото место на табелата со 24 бода по шестиот овосезонски триумф, додека Џенова по 16 средби во Серија А е на 16-тото место со 16 бода.

- Оглас -

Најнови вести