Џенова и Верона никогаш не одиграле меч без голови, Трабзонспор влегува во победнички ритам

3001 Сасуоло – Салернитана (18.30 часот)

И двата тима загубија минатата недела, Сасуоло е поразен од Торино со 2:1 на гости, додека Салернитана на домашен терен беше совладана од Наполи со 2:0. Сасуоло е опасен тим кога игра пред своите гледачи во Реџо Емилија, а сезонава тоа на своја кожа го почувствува Јувентус, кој загуби со 4:2. На последната меѓусебна пресметка, Сасуоло славеше со 5:0. Салернитана е последна на табелата само со четири освоени бода, а во последните кола забележа четири порази и само едно реми и вечерва е голем аутсајдер.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.17)

 

1801 Борусија М. – Волфсбург (20.30 часот)

Борусија Менхенгладбах не игра според очекувањата на навивачите и по 10 кола во Бундеслигата, има освоено само десет бода. Неговиот противник има три бода повеќе и во минатото коло со ремито против Вердер ја прекина серијата од три порази по ред. Последните пет натпревари на Борусија во Бундеслигата завршиле ГГ, додека серијата на Волфсбург изнесува четири меча.
Вообичаено и на нивните меѓусебни дуели има голови, па за очекување е двата тима да останат доследни на традицијата и вечерва.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.08)

 

1301 Атлетик Б. – Селта (21.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои се наоѓаат во различна форма, Атлетик Билбао по 12 кола во Ла Лига е петтопласиран на табелата, додека Селта е трета одоздола и веќе осум кола не знае за победа и притоа петпати беше поразена. Минатата сезона Атлетик славеше со 2:1 и со оглед на тоа што оваа сезона шест меча одигра дома и загуби само од Реал Мадрид, тимот од Баскија го прави фаворит на вечерашниот дуел.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.06)

 

1952 Трабзонспор – Коњаспор (18.45 часот)

По слабиот старт на сезоната, тимот на Енис Барси, Трабзонспор, игра сè подобро, се искачи на четвртото место на табелата и во последното коло како гостин го победи Фенербахче со 3:2. Трабзонспор досега одигра пет натпревари на домашен терен и славеше на четири, а загуби еднаш. Коњаспор по 11 кола во турската Супер лига освои само 10 бода, но во минатото коло ја прекина серијата од четири порази по ред. На последните пет меѓусебни дуели кои се играа во Трабзон, домашниот тим постигна вкупно 13 гола.

Предлог тип: Т1 1+ I & 1+ II (2.60)

 

3002 Џенова – Верона (20.45 часот)

Ова е дуел на две екипи кои ќе се борат за опстанок во Серија А, а засега во подобра позиција се наоѓа Џенова, која е 14-та на табелата со 11 освоени бода. Верона пак е 18-та со осум бода и очајна гол-разлика 7:15. Џенова досега пред своите гледачи одигра пет меча и само на дуелот против Милан не успеа да постигне гол (0:1), а најубедлива победа оствари против Рома, и тоа од 4:1.
Во меѓусебните дуели, Џенова и Верона досега не одиграле ниту еден меч без голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.30)

- Оглас -

Најнови вести