Џенова пак има проблеми со ковид-19, за среќа Пандев е со негативен тест

Џенова има двајца позитивни на Кквид-19 во фудбалската експедиција, но не се играчи, откри клубот пред гостувањето во Торино, кај Јувентус, вечерва од 20.45 часот.

Сите останати во фудбалската експедиција, вклучувајќи го и Горан Пандев имаат негативни тестови.

Џенова имаше многу проблеми и на почетокот на пандемијата со корона-вирус, која почна некаде на стартот од 2020 година, а и тогаш имаше заразени со ковид-19.

Пандев, за среќа, и тогаш и сега куртули од пандемијата и од задолжителен карантин.

Најкритично во фудбалскиот дел кај Џенова синоќа било кај Милан Бадељ, кој имал температура, но има негативен тест утринава.

Кај Јувентус голманот Матија Перин е во изолација со позитивен тест на корона-вирус.

 

 

- Оглас -

Најнови вести