Џенова, Интер и цела Италија му го честита 38-миот роденден на македонскиот виртуоз (фото)

Горан Пандев денес го слави својот 38-ми роденден. Честитки до најдобриот македонски фудбалер во историјата испратија по ред Џенова, па неговиот поранешен клуб Интер, а се огласи и официјалниот инстаграм-профил на Серија А и го поздрави славеникот.

Секако, до Пандев стигнаа и честитки од екселекторот Игор Ангеловски и од останатите соиграчи од репрезентацијата на Македонија, со која пред месец и пол заедно настапија на првото историско ЕП за нас.

Во меѓувреме, се чека потписот на Пандев на новиот договор со Џенова, со кој ќе одигра уште една сезона во Калчолигата.

https://twitter.com/GenoaCFC/status/1419920879635603464

- Оглас -

Најнови вести