Џенова ја закова Монца на дното во Серија А

Џенова стигна до шестата победа во Серија А оваа сезона откако на домашен терен го победи најслабиот тим во лигата, Монца, со 2-0. Тимот на Патрик Виера го обезбеди третиот триумф во последните пет мечеви и со 26 бода се наоѓа на 12-тата позиција на табелата.

Монца е последнопласирана, само со 13 бода и со сѐ помали шанси за опстанок во елитата.

Пинамонти во 31-вата минута не реализира пенал, но тоа не го поколеба домашниот тим. Де Винтер во 61-вата минута го проби бункерот на Монца, а Јоан Васкес го потврди триумфот во 84-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести