Џенова му го раскина договорот на Шевченко

Андриј Шевченко и Џенова дури денеска го раскинаа договорот што го имаа, иако Украинецот уште од јануари не е тренер на овој италијански клуб.

Популарниот Шева во Џенова дојде во ноември минатата година и потпиша договор до јуни 2024, но беше разрешен само по два месеца на кормилото на Џенова, со која имаше една победа и седум порази.

Од јануари наваму Шевченко си земаше плата од Џенова, но сега е слободен и може да си бара нов клуб. Не е познато колкава сума добил Шевченко од Џенова за да прифати раскинување на договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести