На денешниот тренинг на екипата на Џенова, која се подготвува за дуелот со Рома, новиот тренер Андриј Шевченко, беше сликан до македонската легенда Горан Пандев, и со тој момент, клубот сакаше да се пофали.
Украинецот остави длабока трага во Милан со своите 127 голови, додека Пандев две децении игра по италијанските терени.
„Една фотографија, две освоени Лига на шампиони“ – порачаа од Џенова.
Новиот тренер триумфираше во ЛШ со Милан во 2003 година, додека најискусниот поединец во составот на Џенова, Пандев, освои европски трофеј со Интер во 2010 година.