Џенова со убаво видео се збогува со Пандев: 32 пати ти благодариме Горан!

Горан Пандев, кој вчера направи изненадувачки трансфер од Џенова во Парма и се пресели од првата во втората италијанска лига, остави длабока трага во клубот од Џенова, па од таму изработија видео со сите голови на Горан во дресот на Џенова.

Пандев за Џенова од 2015 до 2021 година даде 30-тина гола во Серија А, а од најстариот клуб во Италија порачаа:

„Триесет и два пати ти благодариме Горан. Не беше лесно да се прифати твојата одлука, но поради тоа што си и што имаш направено за нас, ние ќе те почитуваме“.

Ова се сите лигашки голови на Пандев за Џенова:

- Оглас -

Најнови вести