Фудбалерите на Наполи беа блиску до победата против Џенова на домашен терен, но Јохан Васкес со гол со глава во 84-тата минута спречи радост под Везув.
Ромелу Лукаку во 15-тата минута го донесе Наполи во водство од 1-0, но Мерет со автогол во 32-рата минута израмни на 1-1.
Се чинеше дека Наполи е пред победа, кога Распадори во 64-тата минута погоди за 2-1, но Џенова од под Везув си заминува со бод.
Од овој резултат најзадоволни се во редовите на Интер, бидејќи сега заостанувањето позади Наполи е само еден бод, но потребен им е уште еден кикс на конкурентот за да ја одбранат титулата.
Наполи до крајот ќе гостува кај Парма и ќе го пречека Каљари, додека Интер игра со Лацио пред својата публика, а ќе гостува кај Комо.