Џенова во еден потег планира да обезбеди тројца играчи, по еден од Јувентус, Унион Берлин и Салернитана

Екипата на Џенова ја заврши главната мисија за оваа сезона, а тоа е да обезбеди опстанок. На четири кола до крајот, Џенова има 42 бодови, дури 13 повеќе од Удинезе кој е на 18 позиција која води во Серија Б.

Според најавите, Џенова веќе започна да прави планови за следната сезона и сака да обезбеди тројца играчи кои веќе го носат дресот на овој тим, но се како позајмени. Мортен Торсби дојде на позајмица од Унион Берлин и сега за четири милиони евра Џенова може да го откупи неговиот договор. Торсби е репрезентативец на Норвешка.

Дефанзивниот играч за врска Емил Бохинен е следен на листата. И тој е Норвежанец кој игра како позајмен играч од Салернитана, која ќе испадне од Серија А. За трансферот на Бохинен, Салернитана ќе заработи два милиони евра.

Белгискиот интернационалец Кони де Винтер во Џенова игра како позајмен од Јувентус, а сега договорот треба да биде откупен за осум милиони евра. Сите тројца ифудбалери за кои Џенова планира да ги откупи договорите имаа стандардно место во тимот сезонава.

- Оглас -

Најнови вести