29.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Џентлменот Ѓоковиќ се огласи после финалето, имаше порака и за Синер и за Медведев (Фото)

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, брзо после завршувањето на финалето на Австралијан опен, упати честитка до победникот Јаник Синер, но имаше порака и за поразениот Данил Медведев.

Новак во полуфиналето беше поразен од Синер. Италијанецот во своето прво гренслем финале дојде до првата голема титула.

„Браво Јаник! Заслужено. Честитки и до твоето семејство и твојот тим“, порача Ноле на италијански јазик.

Србинот го пофали и Русинот Медведев. Медо водеше 2-0 во сетови, но тоа не беше доволно за втора грен-слем титула во кариерата, па остана со онаа една од САД опен кога во финалето беше подобар од Ѓоковиќ.

„Одлично се трудеше Данил. Денеска имаше лоша среќа, но имаше одличен турнир“, беше пораката на утеха од Ѓоковиќ за Медведев.

Интересно е дека честитка до Синер дојде од Рафаел Надал. Шпанецот не кажа ни збор кога Новак Ѓоковиќ го освои САД опен. Поминаа 142 дена, а не му честиташе на Новак, додека на Синер му честита веднаш.

- Оглас -

Најнови вести